Уапсениот агент на БФВ симпатизер на ИД самиот се радикализирал

Германецот со шпанско потекло, кој што работел во германската разузнавачка агенција и кој беше уапсен шпионажа и планирање терористички напади на исламска основа, самиот се радикализирал, а неговите претпоставени не го забележале тоа, јави дописникот на МИА од Берлин.
Германската федерална агенција за заштита на уставот (БФВ) денеска објави дека 51-годишниот вработен, кој на интернет објавувал промотивни материјали за ИД и интерни документи на агенцијата, не бил забележан од службите кои ги следат вработените во БФВ.
- Очигледно се соочуваме со случај во кој лицето незабележано самото се радикализирало во рамки на неговот лично опкружување, изјави денеска првиот човек на БФВ, Ханс Георг Маасен.
Германскиот државјанин, кој е роден во Шпанија, е уапсен откако било утврдено дека прибирал информации за претреси на простории во кои престојувале исламски екстремисти и на интернет откривал информации за работата на БФВ.
Тој во 2014 година преминал од Христијанство во Ислам, но тоа не го забележале ниту во БВФ, ниту во неговото семејство.
Според германското обвинителство, поранешниот банкарски работник бил вработен во агенцијата во април кога се придружил на специјалната работна група за надзор на членови на салафистичкото движење во Германија.
Ново на Сител
-

Американците изгубија речиси три милијарди долари во опрема во војната во Иран
-

Трамп нареди итна исплата на 50.000 вработени во обезбедувањето на американските аеродроми
-

Опожарен стан во Куманово
-

Седница на Советот на ЈО, ќе се избира шеф на Вишото ЈО - Скопје
-

Во недела часовниците се поместуваат еден час напред
-

Седлоски: Сè се случи неверојатно брзо
-

Слабо второ полувреме на македонските фудбалери за убедлив триумф на Данска во баражот
-

Еврогрупата бара решение за енергетскиот шок: Кризата со Иран ја чини ЕУ милијарди евра
