Уапсено уште едно лице поврзано со терористичкиот напад во Виена
Австриската полиција уапси едно лице за кое се сомнева дека е соучесник во терористичкиот напад на 2 ноември, кога Албанец од Северна Македонија, Кујтим Фејзулај, уби пет лица во центарот на Виена и рани повеќе од 20 лица.
Уапсен Австриец со потекло од Авганистан, за кого се верува дека знаел за терористичкиот план на Фејзулај. Истрагата за специјалната единица доведе до апсење на овој пријател на убиениот џихадист.На автоматската пушка со којашто пукал Фејзулај, биле пронајдени траги од ДНК на уапсеното лице.
Полицијата претпоставува и дека уапсеното лице снимило кратко видео на кое се гледа автоматската пушка калашников (АК47) со албанската рап песна „АК47“. На тоа видео, кое трае само 10 секунди, можат да се забележат двајца мажи во „бе-ме-ве“ со „калашников“, а полицијата верува дека едниот од нив е терористот.
Ново на Сител
-

Шумски пожари предизвикаа евакуации ширум Турција додека жештината и ветрот ги разгоруваат огнените стихии
-

Зеленски понуди помош од Украина за гаснење на пожарите во Франција
-

Македонските одбојкари против Грција на отворањето на Медитеранските игри
-

Израел: Хезболах изврши прв напад со дрон по прекинот на огнот од 19 јуни
-

Кампања на МВР и РСБСП: Не користи мобилен телефон додека возиш
-

УЕФА ги повика членките на итен состанок, меѓу темите и можен бојкот на Светското првенство
-

Собранието ја избра Мери Дика Георгиевска за уставен судија
-

Деветгодишно дете тешко повредено во судир со автомобил додека возело електричен тротинет
