-->
-->
Убедлива победа на Кожув против Сутјеска
-->

Кошаркарите на Кожув остварија убедлива победа со 29 поени разлика, против црногорската екипа Сутјеска во рамките од 3. коло на втората фаза во регионалната Балканска лига (БИБЛ).
Во натпреварите од групата Ц, одиграни вечерва во Гевгелија, екипата на Кожув и се реваншира на Сутјеска за поразот во претходната рунда (81-98), сега совладувајќи ја со 94:65 по четвртини 27-21, 26-14, 27-8 и 14-22.
Најзаслужен за оваа победа на Кожув беше Американецот, Кенион МекНил кој средбата ја заврши со дабл-дабл учинок од 24 поени и 10 асистенции, а имаше и 5 скокови.
Вториот натпревар од оваа група ќе се игра во четврток, кога кавадаречки Фени Индустри ќе му гостува на бугарскиот тим Берое.
Токму Берое е водечка екипа во оваа група со 8 бодови, пред Кожув и Сутјеска кои сега имаат по 7, а Фени Индустри има 5, но и натпревар помалку.
Утре ќе се играат натпреварите од Д групата во која Куманово го пречекува Пеќ, а Карпош Соколи е домаќин на Теодо.
Во оваа група водечки е Куманово со 7 бодови, пред Теодо и Пеќ кои имаат по 6, а Карпош Соколи има 5 бодови.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Гостивар денеска треба да добие технички исправна вода
-

Дополнетиот ребаланс на Буџетот на пленарна седница
-

Зеленски одобри план за за повеќе операции со долг дострел во Русија
-

Израел ќе дозволи влез на меѓународни сили во Појасот Газа
-

Почина познатиот актер Гоце Тодоровски
-

Променливо облачно и топло, наместа пороен дожд, грмежи и силен ветер
-

Трамп ги паузира нападите врз Иран за да „даде простор“ за преговори
-

Лишени од слобода осум лица за поседување дрога
