Македонија
23. July 2024 - 18:36

Убиен 35-годишник од село Дебреше, осомничени двајца браќа

Денес (23.07.2024) во 17.15 часот во СВР Тетово било пријавено дека во гостиварско Дебреше со огнено оружје било пукано врз Р.К.(35) од Дебреше, кој починал од здобиените повреди, потврдува МВР.

Како осомничени дека се извршители на делото се браќата Ј.В.и Б.В.од истото село, кои биле со патничко возило ,,Волво" со Швајцарски регистерски ознаки.

Едниот од нив, Б.В.е приведен и од истиот е одземена автоматската пушка со која го извршил делото. Се преземаат дополнителни мерки за расчистување на случајот.