Свет
25. December 2015 - 8:43

Убиен напаѓачот во трговскиот центар во Северна Каролина

Едно лице загина, а тројца се повредени во синоќешната престрелка во трговски центар во градот Шарлот во сојузната американска држава Северна Каролина.

Полицијата го застрела напаѓачот кој отвори оган во „Нортлејк мол“.

Во инцидентот повредени се три лица, од кои едно во нбога, а другите двајца се полесно повредени. 

Според очевидците инцидентот се случил по расправија во една од продавниците, при што биле испукани повеќе куршуми.