Убиени 213 деца во руската инвазија врз Украина
Руските сили убиле 213 деца во Украина од 24 февруари досега, според податоците на Украинското државно обвинителство.
„Повеќе од 602 деца настрадаа во Украина како резултат на вооружената агресија на Русија. Поточно, загинаа 213 деца, а повеќе од 389 се повредени. Овие бројки не се конечни, бидејќи се работи за областите на активни воени дејствија, на привремено окупираните и ослободените територии“, напиша на Телеграм прес-службата на Обвинителството, пренесува Укринформ.
Најголем број жртви е регистриран во Доњецката област – 122, Киевската област – 114, регионот Харков – 91, регионот Чернихив – 66, регионот Херсон – 44, регионот Миколаев – 43, регионот Луганск – 37, регионот Запорожје – 27, регионот Суми – 17, градот Киев – 16, и регионот Житомир 15.
Ново на Сител
-
Рубио го поддржува планот на Трамп САД да ја преземат контролата над Газа
-
Вучевиќ: Мојата оставка е „незапирлив процес“
-
„Ајфон 15“ најпродаван телефон за 2024 година
-
Приведен 58-годишник од Делчево за предизвикување пожар
-
„Гугл“ веќе не забранува користење ВИ за развој на оружје
-
Грција депортираше 40 државјани на трети земји кои не добиле азил
-
Зеленски: САД заработија милијарди долари од војната во Украина
-
Трамп ќе биде првиот актуелен претседател на САД кој ќе присуствува на Супербол