-->
-->
Убиени се двајца наркодилери во Мексико
-->
Двајца главни наркодилери се убиени синоќа при акција на федералните сили во државата Тамаулипас, на границата кон САД.
Портпаролот на безбедносните сили во Тамаулипас изјави дека дилерите се убиени синоќа во одвоени акции.
Хуан Лоиса Салинас, познат како „командант Торо“ е убиен при судир со маринците во градот Рејноза, на границата со САД. Тој, наводно бил локален лидер на „Заливскиот картел“ во Рејноза.
Портпаролот на Државната безбедност на Мексико, Луис Алберто Родригез, изјави дека биле поставени 32 блокади на автопатот и на улиците.
Покрај Лоиса Салинас и Сиудад Викториј, при престрелките се убиени и Франсиско Кареон, локалниот лидер на ривалскиот картел „Зетас“.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Мицкоски од Вашингтон: Нова инвестиција во Скопје ќе отвори 100 работни места
-
Јавните компании пред колапс
-
Во недела Галичка свадба
-
Преглед на вестите од светот
-
Над 40 основни училишта се затвориле во изминатите пет години
-
Тема да денот со Иво Ранѓеловиќ, политиколог
-
Нови признанија на вина во случајот „Синџир“
-
Како оперираат крадците низ археолошките локалитети во државата?