Убиено осумчлено семејство: Детали за грозоморниот масакр и расплетот кој доцни две години

Тела на осум членови на исто семејство се најдени на фарма за марихуана, а за убиството се сомничат четири члена на друго семејство.
Осум лица на возраст од 16 до 44 години се најдени мртви во четири различни куќи во округот Пике. За нивното убиствосе уапсени 47-годишниот Џорџ Вагнер III и неговата сопруга 48-годишната Ангела Вагнер, како и синовите, 27-годишниот Џорџ и 26-годишниот Едвард.
Тие се сомничат не само за убиство, туку и за завера, корупција, прикривање докази и попречување на правосудството. Џејк Вагнер бил дечко на една од жртвите, со која во време на убиството го делел старателството над нивната ќерка. Таа била најдена во кревет со нејзиното бебе старо само четири дена. Бебето преживеало, како и уште две мали деца најдени на фармата, едно од шест месеци, а другото на три годишна возраст.
Сите жртви загинале од прострелна рана, а убијците ги следеле и ги знаеле нивните навики и секојдневното движење. Една од жртвите била застрелана дури девет пати. На три од четирите места на злосторството била најдена марихуана. Мотивот не е познат, но се претпроставува дека се однесувал на старателството врз бебето.
Убиствата се случиле во 2016-та , а од тогаш семејството Вагнер негирало каква и да е поврзаност со настанот, па дури и јавно објавувале дека тие се жртви на малтретирање од полицијата.
Ново на Сител
-

Војната во Иран може да предизвика прехранбена криза и нови бегалски бранови
-

Уапсени осум возачи за безобѕирно управување возило, еден од нив без дозвола возел возило кое претходно го украл
-

Започна распределбата на ваучерите за инвертер клими
-

Вештакот Ристески за „Онкологија“: Кај 12 пациенти дадена терапија спротивно на индикациите
-

За два денара поевтино гориво на повеќето бензински пумпи
-

Мицкоски на конгрес во Брисел
-

65-годишник приведен за кражба во џамија
-

Кривична за кичевецот кој лажно пријави дека има бомба во РЕК Осломеј за порано да замине од работа
