Учебната година во Австрија најверојатно ќе почне нормално и без маски
Новата учебна година во Австрија, според идејата на министерот за образование Хајнц Фасман, ќе почне нормално и без маски за време на настава.
Министерот ќе го претстави својот конечен план за новата учебна година кон средината на овој месец.
Според локалните медиуми, јасно е дека Фасман сака нормален почеток на учебната година во септември.
За разлика од последните два месеци од изминатата учебна година, кога одделенијата беа поделени и се одржуваше настава во смени, од септември сите деца треба повторно во исто време да одат на часови, како во нормални услови.
Планирано е повторно да почне и наставата по музика и физичко образование.
Ограничувањата ќе се применуваат само доколку новиот „систем на семафори“, кој ја покажува состојбата на „заразеност“ во општината, се смени зелено во жолто, портокалово или црвено светло.
Кога тоа ќе се случи, се очекуваат препораки од Министерството за здравство за натамошно дејствување.
На жолто и портокалово се очекува укинување на пеењето, а часовите по физичко ќе бидат преместени од сала под отворено небо.
Може да се очекува и делумна обврска за носење маска.
Кога семафорите ќе покажат црвено светло, тоа ќе значи дека во таа општина училиштата ги затвораат вратите и децата почнуваат да учат од дома.
Во однос на обврската за носење маски во училиштата, Фасман се спротивстави на барањето на синдикатот на наставниците. Според него, невозможно е да се бара од децата шест часа да носат маски.
Ново на Сител
-
Три лица полесно повредени во собраќајка на патот Струмица-Радовиш
-
Возило излетало од патот Прилеп - Скопје кај кавадаречко Раец
-
Гаши за Сител: Стана традиција Албанец да е претседател на Собрание
-
На 30 јуни непосредни внатрепартиски избори за претседател на СДСМ
-
Бендевска: Преговорите меѓу ЗНАМ и ВМРО-ДПМНЕ се во крајна финална фаза
-
Верижен судир кај Долно Косоврасти, повредено лице пренесено во болницата „Свети Еразмо“
-
Сиљановска Давкова: Преспанскиот договор е правен акт и реалност, ќе го почитувам
-
Мицкоски на средба со пратениците од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „Твоја Македонија“