Ученичка манифестација за заштита на македонскиот јазик

Средното скопско училиште „Арсени Јовков“ денеска ќе организира петта манифестација „Твориме, создаваме и зборуваме на македонски јазик“. Настанот ќе се одржи во Драмскиот театар каде покрај средношколците од ова училиште, ќе учествуваат и ученици од основните училишта од општините Бутел и Ѓорче Петров.
Преку соодветни драматизации ќе биде претставена употребата на македонскиот јазик во литературата (поезија, роман, драмски текстови), во македонскиот филм и музика, како и во секојдневната практика, вклучувајќи ги сленгот и дијалектите. Употребата на македонскиот јазик во секојдневниот говор учениците од „Арсени Јовков“ ќе ја прикажат во претставата „Автобус Јутонг“, по текст и режија на проф. Розита Закева.
Целта на настанот е младите да се насочат кон правилна употреба на македонскиот литературен стандарден јазик и да се спречи напливот на нови елементи од странски јазици.
- Да ги почитуваме дијалектите, сленгот и жаргонот како негово богатство, но да не дозволиме тие да ја нарушат неговата автентичност. Младите се нашата иднина, тие ќе го пренесат на своите поколенија она што ние денес го градиме, негуваме и чуваме. Да ги научиме на патот кон нивното созревање да ја осознаат светлата точка и значењето на нивниот идентитет - македонскиот јазик, изјави Јованка Аспровска, директор на „Арсени Јовков“.
Ново на Сител
-

Усен демарш за амбасадорот на Албанија во Македонија
-

ЕУ одобри 67,5 милиони евра од планот за раст на Македонија
-

Уставни измени и реформи за забрзување на патот кон ЕУ
-

ОЈО ГОКК води предистрага за можна шпионажа во кабинетот на Претседателката Сиљановска Давкова
-

Кругови со оган, факели, прскалки и пиротехника низ годините се користеле во „Пулс“
-

Цариници запленија 500.000 евра на Табановце
-

Измамникот од Охрид осуден на 5 и пол години затвор
-

Пазарна утврди дека храната не поскапела, синдикалната кошничка пониска за 54 денари
