Учениците од ООУ „Кирил Пејчиновиќ“ од Кисела Вода се сретнаа со ракометарките на „ЖРК Вардар“
Видно возбудени, учениците се запознаа, дружеа, фотаграфираа со своите спортски идоли, и со нив разговараа за случувањата на спортските терени, за време на натпреварите и на тренинзите.
- Сите деца се многу се среќни кога ќе дојде ракометар, а тоа значи дека следат ракомет сакаат да да учат, да тренираат - рече Алена Ихњева, лев бек во ЖРК „Вардар“.
- Многу сум среќна што децата сакаат ракомет и што добро знаат за ЖРК Вардар Да сакаат многу деца тренираат во школите за ракомет и ги повикувам децата да тренираат повеќе и да се занимаваат со спорт - нагласи Олга Черноиваненко, десно крило во ЖРК „Вардар“.
Ракометарките средбата ја искористија и да им поделат карти на учениците за претстојниот натпревар кој ќе се одигра во сабота помеѓу нив и екипата на ракометниот клуб Хипо. Главниот тренер на ЖРК „Вардар“, Индира Кастратовиќ, го изрази задоволството од ваквите случувања што ги организира општината во училиштата од овој дел на градот и уште еднаш ја нагласи важноста на спортот за здравјето на децата.
- Голема благодарност до општина Кисела Вода и до сите училишта во вашата општина што прават вакви проекти,а и ние како ракометен клуб, ЖРК „Вардар“, сме тука за да ги мотивираме децата да се занимаваат со спорт - нагласи Индира Кастратовиќ, главен тренер во ЖРК „Вардар“.
Ново на Сител
-
Алармантна состојбата со булинг во основните училишта
-
За една година, над 110 сообраќајки на истокот со повеќе од 170 повредни
-
Преглед на вестите од светот
-
Меѓународен ден на студентите
-
Тема на денот со Гордана Димитриеска Кочоска, Министер за финансии
-
Цигарите и загадениот воздух рак рана за лицата со ХОББ
-
15-годишник со нож прободел двајца малолетници во два одвоени инциденти
-
Преглед на вестите од светот