Учениците се враќаат на настава, почнува второто полугодие
По тринеделен зимски распуст, основците и средношколците денеска се враќаат на настава – пред ИТ-уредите или во училишните клупи, за да го продолжат второто полугодие од учебната 2020/2021 година.
Според Министерството за образование и наука, комбинираниот модел бил успешно воспоставен во првото полугодие и затоа нема да се менува во вториот дел од учебната година.
– Во првото полугодие најголем предизвик беше како наставниците ќе се снајдат со онлајн- наставата. Но овој предизвик е надминат и второто полугодие го продолжуваме по веќе воспоставениот хибриден модел: онлајн, со физичко присуство и со следење часови преку телевизија, рече министерката Мила Царовска пред два дена во телевизиско гостување.
Оценката на МОН е успешно прво полугодие – тек на наставата според планот, навреме завршено оценување, над 90 отсто ученици во онлајн-настава и помалку од 1 процент наставници и ученици активни на КОВИД-19 во наставата со физичко присуство.
Согласно со измените на Календарот за организација на работата на училиштата (основни и средни), првото полугодие оваа учебна година почна еден месец подоцна, односно на 1 октомври, а бројот на наставни денови е намален од 180 на 159
Ново на Сител
-
Приведено лице од Кавадарци, возел пијан - а имал забрана за управување возило
-
Ѓоковиќ за проблемот со очите во финалето во Мајами: Не сакам ова да звучи како изговор
-
Во Србија треба да почнат консултации за формирање влада
-
Трамп: Американските царини ќе ги опфатат сите земји
-
До петок повремени врнежи
-
Приведено лице, возело 173 километри на час на автопатот Гостивар - Тетово
-
Приведен бегалец од затвор, вратен е во КПУ Идризово
-
ДУИ: Зошто владата ја крие вистината за врските на агенцијата „Рубикон“?