Учесник од „Големиот брат“, откако ја уби мајка си и робијаше, ја нападна и бабата
Антал Скенџиќ (29) учесник во „Големиот брат“ е осуден со забрана за приоѓање на својата баба Розалија Грегуш (79) и нејзината куќа во Лукино село зошто ја тепал и малтретирал. Тој веќе беше на робија поради убиството на мајката.
Во јавноста ќе остане запаметен по тоа што јавно се декларираше како бисексуалец. На Скенџиќ пресудата за физичко малтретирање на бабата ја донел Основниот суд во Зрењанин.
Розалија Гргуш физичкото и психичкото малтретирање на својот внук Антал го пријавила кај надлежните органи.
-Антал на својата баба и ја затворал устатата, ја тепал и викал на неа. Жената била исплашена, се плашел за својот живот. Повеќе не можела да ја поднесе тортурата од внукот, па против него поднела пријава. На судењето изјавата ја потврдиле сведоци, додека осомничениот негирал дека ја малтретирал старицата.
Основниот суд во Зрењанин донесе пресуда „да се воздржува од секакво дрско, злонамерно и безоѕирно однесување со кое го загрозува телесниот интегритет, душевното здравје и спокојството на бабата Розалија“.
Наместо затвор доби забрана за приближување на бабата, но и нејзината куќа во Лукино село. Доколку го прекрши законот и и пријде на бабата помалку од 200 метри, ќе биде уапсен, пренесува Блиц.
Да потсетиме, Антал ја уби својата мајка (48) со нож, ноќта межу 2.и 3. ноември 2007 година. На јавноста Антал и стана познат во 2006 година како учесник на првата сезона од емисијата „Големиот брат“.
Со уште 11 натпреварувачи во куќата на „Големиот брат“ помина една недела.
Ново на Сител
-
Израел ги проширува воените операции и окупира делови од Газа
-
Келог: Конфликтот во Украина е на работ на примирје, но потребен е договор
-
Неврологот од Гостивар кој ја менува политичката сцена | Арбен Таравари | Sitel Podcast 087
-
Политико: Маск наскоро ќе се повлече од челното место во ДОГЕ, се враќа на бизнисот
-
Руте: Целосно сум убеден дека НАТО ќе продолжи да постои и САД ќе бидат дел од Алијансата
-
Благодарност од претседателката Сиљановска-Давкова до државите кои помогнаа по трагедијата во Кочани
-
Мостот на Вардар кај Башино Село повторно пуштен за сообраќај
-
Мицкоски и Филипче утре на средба во Владата