УХМР: Најстудено утрово во Берово

Најстудено утрово е во Берово, четири степени под нулата.
Како што информира УХМР, минусни температури утрово се измерени и во Скопје-Петровец и Битола (-3), Тетово, Штип и Струмица (-2) и Крива Паланка, Демир Капија и Mаврови Анови ( -1).
Нула степени се измерени во Прилеп, Велес, Кавадарци и Гевгелија, 1 степен во Скопје-Зајчев Рид, Охрид и Претор, 2 степена во Виница, Kрушево и на Попова Шапка и 5 степени во Куманово.
Според прогнозата на УХМР, денеска ќе биде сончево и релативно топло со мала до умерена локална облачност. Во претпладневните часови по котлините и речните долини ќе има појава на магла која во текот на денот ќе се намали. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец.
Максималната температура ќе биде во интервал од 10 до 15 степени.
Во Скопје, претпладне во делови од котлината ќе има појава на магла. Во текот на денот времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне 12 степени.
МИА
Ново на Сител
-

Што да се очекува од посетата на Урсула фон дер Лајен во Скопје?
-

Тема на денот со Иван Живковски, директор на Агенција за катастар
-

Нов обид за договор за Изборниот законик – Правда најавува средби со партиите
-

Одбележан Денот на демократија во Парламентот
-

Одбрана можна локација за државниот дата-центар
-

Одбраната: Соѕиданите пари се на таткото на Ѓоко Ристов
-

Нова кривична пријава за Стевчо Јакимовски
-

Кривична против градоначалниот на Струга, Ќура
