УЈП: Плаќањето радиодифузна такса е законска обврска

Управата за јавни приходи (УЈП) во реакција на денешното соопштение од опозициската СДСМ за плаќањето на радиодифузната такса оценува дека политичките партии треба да се воздржат од изјави со кои се пропагира даночна недисциплина и да не ги користат надлежностите на УЈП за дневна политика.
Управата апелира одредени политичкии партии да престанат да ги квалификуваат надлежностите на УЈП и спроведувањето на законот како закана за граѓаните, наместо, како што наведуваат во реакцијата, да поттикнуваат политики и мерки за зајакнување на даночната дисциплина.
- Плаќањето на радиодифузната такса е законска обврска за граѓаните, а УЈП има обврска да ги спроведува законите, истакнува УЈП и додава дека во изминатите години даночната администрација воведе и нови услуги со кои времето и трошоците за плаќање на оваа јавна давачка се намалени.
Во минатото, наведува УЈП, бевме сведоци дека токму после вакви изјави, политички прозивки и препукување кои во пракса се покажуваат како дополнителен поттик за неплаќачите и создавање револт кај граѓаните, вработените во УЈП беа жртви на вербални и физички напади, што е само дополнителен факт дека политичките партии треба да се воздржат од изјави со кои се пропагира даночна недисциплина и да не ги користат надлежностите на УЈП за дневна политика.
Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

Пратенички прашања во Собранието
-

Шефот на словачката дипломатија во официјална посета на Македонија
-

Нема финален договор меѓу МОН и студентите
-

Искра Хаџи Василева е новата шефица на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција
-

МВР приведе 4 лица за двете убиства во Ѓорче Петров
-

Тема на денот со Соња Трифуновска, заменик народен правобранител
-

МВР приведе 4 лица за двете убиства во Ѓорче Петров
