Укината забраната за камиони на патниот правец Гостивар – Кичево преку Стража

Од 08.20 часот утрово е укината забраната за сообраќај на тешки товарни возила на патниот правец Гостивар – Кичево преку планинскиот превој Стража што беше воведена ноќеска во 00:25, соопшти ЈП „Македонија пат“.
Како што информира, сите патни правци се проодни, а сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози со кашест снег кој останува по интервенцијата на возилата на ЈП „Македонија пат“.
Снег со променлив интензитет провејува во севроисточниот, западниот и југозападнит дел од земјава, но не преставува проблем за одвивање на сообраќајот во зимски услови. На одредени патни правци кои поминуваат низ усеци и клисури можна е појава на поситни одрони.
ЈП „Македонија пат“ апелира на внимателно управување со возилата, почитување на поставената сообраќајна сигнализација, како и прилагодување на брзината спрема условите на патот.
МИА
Ново на Сител
-

Евакуација на македонските граѓани
-

Водата во Струга и натаму не е безбедна за пиење
-

Земјоделците: Државата ни должи над 100 милиони евра субвенции
-

Опозицијата не дојде на расправа за реформски закон
-

Тема на денот со Вивен Ајсен, амбасадорка на Израел во Македонија
-

Одбиено барањето за спојување на судските постапки за трагедијата во „Пулс“
-

Државата мора да издвои повеќе пари ако сака да се справи со семејното насилство
-

Продолжен притворот за 48 часа за сопругот на Ивана, по трагедијата во Карпош
