Македонија
6. May 2017 - 14:26

Украден пиштол од куќа во Битола

Пиштол е украден синоќа од куќа сопственост на П.Т. (53) на улица „1-ви Мај“ во Битола, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Сторителот насилно отворил еден од прозорците на куќата, влегол внатре и по извршено пребарување одзел пиштол „Црвена Застава“ калибар  9мм со две рамки и два куршуми, по што го напуштил местото.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.