Украина бара извинување од Фокс њуз затоа што напиша дека Киев е „руски град“

Украина денеска ја повика телевизијата Фокс Њуз да се извини и да спроведе истрага поради тоа што за време на известување од Велигденски богослужби главниот град на земјата Киев го означи како „руски град“.
Како што пренесе Анадолија, повеќе украински медиуми јавија дека Фокс њуз емитувал снимки од Велигденските богослужби што се одржуваат низ целиот свет, вклучително и богослужба во Москва на која присуствувал рускиот претседател Владимир Путин.
Телевизијата, со седиште во Њујорк, исто така, емитувала снимка од богослужбата во главниот град на Украина, кој првично ги означила како „Киев, Украина“.
Сепак, текстот на екранот подоцна се сменил во „Киев, Русија“, и така наводно стоел околу 20 минути пред да биде коригиран.
– Ако тоа беше грешка, а не намерна политичка изјава, треба да има извинување и истрага за тоа кој ја направил грешката, напиша на Х портпаролот на украинското Министерство за надворешни работи Хеорхи Тихји.
Ново на Сител
-

Војната во Иран може да предизвика прехранбена криза и нови бегалски бранови
-

Уапсени осум возачи за безобѕирно управување возило, еден од нив без дозвола возел возило кое претходно го украл
-

Започна распределбата на ваучерите за инвертер клими
-

Вештакот Ристески за „Онкологија“: Кај 12 пациенти дадена терапија спротивно на индикациите
-

За два денара поевтино гориво на повеќето бензински пумпи
-

Мицкоски на конгрес во Брисел
-

65-годишник приведен за кражба во џамија
-

Кривична за кичевецот кој лажно пријави дека има бомба во РЕК Осломеј за порано да замине од работа
