-->
-->
Украина се повлекува од договорот за забрана на противпешадиски мини
-->

Украина се повлече од договорот за забрана на противпешадиски мини, објави украинскиот претседател Володимир Зеленски.
Како што објавија украинските медиуми, одлуката за повлекување од Конвенцијата од Отава ја поддржаа 305 пратеници, 40 беа воздржани, а никој не гласаше против.
-Мерките поврзани со употребата на одредени видови оружје, вклучително и противпешадиски мини, ќе ни помогнат барем да постигнеме рамнотежа во силите и капацитетите потребни за одбрана од руска агресија. Русија никогаш не била потписничка на Конвенцијата од Отава и никогаш не презела чесни чекори како дел од која било политика на разоружување или похумана употреба на оружје, рече украинскиот претседател.
МИА
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Томовски утре ќе поднесе тужба по серијата обвинувања на СДСМ дека негова семејна фирма добива милионски тендери од држaвата
-

Високи казни за маркетите кои ги билдаат цените, најави премиерот
-

Тема на денот со Ивица Томовски, директор на СОЗР
-

Бектеши не се потпишал на ниту една лиценца за “Пулс”, Сарачини издал лиценца за друг објект
-

Повредени од трагедијата во Пулс и по девет месеци се уште одат на физикална терапија
-

МВР со кривична за Оливер Спасовски
-

Филипче со резолуција против мигранти - Мицкоски му даде рок до пролет да најде барем еден мигрант
-

Владата сѐ уште нема потенцијален кандидат за замена на Коцевски
