Украина тврди дека „елиминирала“ повеќе од 100.000 руски војници
Русија загуби повеќе од 100.000 војници во војната против Украина, соопшти денеска Генералштабот на украинската армија, јави ДПА.
Според украинскиот Генералштаб, 100.400 руски војници биле „елиминирани“. Тоа би можело да значи дека тие биле или убиени или тешко повредени и несоодветни за служба, наведува ДПА.
Русија неодамна објави податоци за 6.000 загинати во своите редови. Наспроти овие информации, руски независен медиум тврди дека идентификувал по име 10.000 руски војници убиени во борбите.
Украина не дава податоци за своите загуби во дневните извештаи на својот Генералштаб. Неодамна од претседателската канцеларија во Киев беше соопштено дека во борбите се убиени повеќе од 10.000 украински војници.
Двете завојувани страни секојдневно објавуваат податоци за „загубите“ на непријателот и многу ретко за загинатите и ранетите во сопствените редови.
Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу во септември пријави 5.937 загинати војници.
Ново на Сител
-

Кривична за кумановец кој yбил стара и немоќна жена: Постојат сомнежи дека имал и други жртви
-

За викендов ветер и слаб снег, од понеделник повисоки дневни температури
-

Муцунски - Нејнски: Односите меѓу Скопје и Софија треба да се градат врз принципите на добрососедство, пријателство и конструктивна соработка
-

ЦУК: Зголемување на водостоите на реките, во Битолско одрон на пат и излевање на Сива Река
-

Алушовски: Мора да извлечеме поука од овој пораз
-

Дабл-дабл на Јокиќ во поразот на Денвер од Клиперси
-

Северноамериканската команда за воздушна одбрана - NORAD открила и следела неколку руски воени авиони во близина на Алјаска
-

Дојава за бомба во гимназијата во Тетово
