Украинската влада им дозволи на морнарите да ја напуштат земјата за да работат во странство
– Украинската влада им дозволи на морнарите да ја напуштат земјата за да работат во странство.
Украинскиот премиер Денис Шмигал напиша на Телеграм дека на морнарите сега ќе им биде дозволено да ја преминат границата, објави Би-Би-Си. Како што е наведено, мажите кои се членови на екипажот на морски и речни бродови и продолжуваат да работат на бродови ќе можат да ја напуштат Украина. Ќе има и релаксиран режим за кадетите од образовните институции кои треба да поминат практична обука на брод. Сепак, тоа ќе биде можно по добивање дозвола од регионалните воени администрации.
Сега, во рамките на општата мобилизација, мажите на возраст од 16 до 60 години кои подлежат на воена служба, не смеат да ја напуштат Украина. Според премиерот Шмигал, повеќе од 100.000 Украинци работат во светската трговска флота. Украинските морнари постојано бараа од властите да почнат да ги испраќаат на работа во странство доколку имаат важечки договор.
На крајот на мај, заедно со нивните семејства, тие снимија видео порака за ова прашање до претседателот Володимир Зеленски, посочувајќи дека нивните места на бродовите ги заземаат Руси. Од 1 септември, Украина ќе можат да ја напуштат службено и индивидуалните претприемачи и ангажираните работници, за период до седум дена и со гаранција од 200 илјади гривни (околу 5 илјади долари).
Ново на Сител
-
Русија не исклучува контакти со САД во наредните денови
-
ЕУ ја поддржува иницијативата за мир во Украина, Лондон повикува на акција
-
Премиерот на Онтарио ја суспендираше одлуката за поскапа струја – следуваат нови трговски преговори со САД
-
Трамп ќе разговара со Путин, но предупредува: За танго се потребни двајца
-
Почна судењето на обвинетите за смртта на Марадона
-
Вашингтон ја обновува воената помош за Киев – Украина прифати 30-дневен прекин на огнот
-
Трамп ќе го покани Зеленски во Белата куќа
-
Сообраќајка меѓу две товарни возила кај кавадаречко Раец, едно лице повредено