Украинскиот извоз на жито речиси го достигна нивото пред војната, тврди Вашингтон
Украина сега извезува речиси исто толку жито како и пред руската инвазија, изјави висок претставник на американскиот Стејт департмент .
„Благодарение на интензивната меѓународна соработка, Украина е на пат да извезе речиси 4 милиони тони земјоделски производи во август“, изјави изворот за западни медиуми. Пред руската инвазија на 24 февруари, Украина извезуваше околу 5 милиони тони месечно.
Избувнувањето на војната го запре извозот на земјоделски производи од оваа источноевропска земја и ги зголеми стравувањата од глобална криза со храна. Но, по потпишувањето на договорот меѓу Киев и Москва на 22 јули под покровителство на ОН и Турција, околу 33 бродови натоварени со жито ги напуштија украинските пристаништа на Црното Море со вкупно околу 720.000 тони на бродот.
Друга иницијатива, под покровителство на ЕУ, овозможи превоз со товарни возови на околу 2,5-3 милиони тони жито, додаде истиот извор.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Марко Бислимовски, претседател на РКЕ
-
ДЗСИ бара одговорност кај здравствените работници во Прилеп за смртта на близначињата
-
Со донации и анекси на договорите ќе се надминува недостигот на биолошка терапија на Онкологија
-
Македонија нема систем за справување ни со поплави, ни со пожари
-
Оглас за избор на претседател на Врховен суд
-
Се води истрага дали бегството на Артан Груби било организирано
-
СДСМ: Скандалозен тендер во СОЗР
-
Кошта: Време е ЕУ да ги исполни ветувањата кон Западен Балкан