Свет
13. September 2016 - 17:04

Украинските сепаратисти објавија едностран прекин на огнот

Сепаратистичкиот лидер во источниот дел на Украина, Александар Захарченко објави едностран прекин на огнот, кој стапува во сила од денеска на полноќ.

Захарченко, кој е лидер на сепаратистите од Доњецк, ова го најави во писмена изјава, која беше објавена на руските телевизии.

Тоа е прв случај сепаратистите во источниот дел на Украина да објават едностран прекин на огнот.

Соопштението е испратено само неколку часа откако украинскиот претседател Петро Порошенко изјави дека очекува Парламентот наскоро да изгласа измени во Уставот, со кои ќе и се овозможи автономија на Источна Украина.