Македонија
2. October 2024 - 12:44

Украла пари од домот на 74 годишна жена, приведена прилепчанка

Полицијата вчера ја лишила од слобода Е.М.(42) од Прилеп поради сомнение дека од домот на И.М.(74) од Неготино одзела пари.

Како што соопшти МВР, Е.М. била приведена во полициска станица, а парите биле пронајдени и вратени на сопственикот.

По целосно документирање на случајот, против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.