Уловиле џиновска змија: Она што го откриле ги шокирало сите!
Бурманските питони на Флорида предизвикуваат огромни проблеми на автохтоните видови на животни кои живеат на подрачјето на националниот парк Еверглејдс.
Се започнало 1992 година, кога тоа подрачје го погодил ураганот Ендру кој меѓу останатото уништил и неколку фарми со питони на кои се одгледувале змии кои требало да се чуваат како домашни миленици.
Наместо како домашни миленици во нечии домови завршиле во мочуриштата на подрачјето во паркот. Покрај тоа и неодговорните сопственци на вакви домашни миленици откако ќе се засителе од нив ги пуштале во природата на подрачјето на паркот.
Бидејќи станува збор за вид кој практично нема природен непријател тие толку многу се размножиле така што почнале сериозно да ги загрозуваат автохтоните видови на животни на кои им се заканува изумирање.
И онака загрижените чувари и еколози неодамнешното октритие кое го пронашле во џиновска четири метри долга и 47,6 килограми тешка змија дополнително ги шокирало.
Иако е познато дека бурмански питон од таа големина може да проголта елен, никогаш до сега на тоа подрачје не е пронајдена змија која во себе имала дури три од нив.
Експертите кои се занимаваат со проучување на бурманските питони претпоставуваат дека змијата секое животно го изела во различно време, за период од 90 дена.

"Овој период од 90 дена на некој може да му изгледа доволно долг, но всушност невообичаено е змија во толку краток период да изеде три толку големи елени", изјавил за Лајв Сајанс Скот Бобак, професор по биологија на Дикинсон факултетот кој го изучувал конкретно овој вид на змија.
"Доколку знаеме дека питонот е способен да изеде три елени во три месеци, се прашувам што и колку може да изеде, а ние тоа се уште не го знаеме", загрижено изјавил Бобак особено поради тоа што не се знае колку бурмански питони на подрачјето на Еверглејдс моментално има.
Проценките се движат од 100 до 300 илјади змии!
Ново на Сител
-

Прилеп традиционално го одбележа својот патрон празник Свети Никола
-

Тема на денот со Бојан Стојановски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ
-

„Алкалоид” АД Скопје отвори нова микробиолошка лабораторија – во неа ќе се прават над 20.000 анализи годишно
-

„Забавна за момент, кобна за цел живот“ – показна вежба на МВР за превенција од употреба на петарди
-

Дардишта и 32ца осомничени за местење тендер од над 7,5 милиони евра во ЕСМ Дистрибуција
-

ГАК – Починатото новороденче немало физички повреди, причина за смртта е незрелост на белите дробови
-

Скопје меѓу најзагадените градoви
-

СДСМ ја оспори антимигрантската резолуција на ВМРО-ДПМНЕ пред Уставен - Од ВМРО-ДПМНЕ велат СДСМ се плаши бидејќи лаже за мигрантите
