Умеров пред преговорите со САД: Безбедноста на Украина мора да биде сигурно и долгорочно гарантирана

Украинските мировни преговарачи денеска почнуваат нова рунда разговори со американскиот тим за предлози за прекин на војната со Русија, објави главниот украински преговарач Рустем Умеров на Телеграм.
Тој додаде дека на разговорите во САД ќе бидат вклучени и европските партнери на Киев.
Ние сме конструктивно ориентирани. Веќе одржавме прелиминарни консултации со нашите европски колеги и се подготвуваме за понатамошни разговори со американската страна. Безбедноста на Украина мора да биде сигурно и долгорочно гарантирана, посочи Умеров.
Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп се стреми да ја заврши речиси четиригодишната војна. Специјалниот американски претставник Стив Виткоф и зетот на Трамп, Џаред Кушнер во текот на неделата имаа разговори со украински и европски претставници во Берлин.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Украина и САД постигнале договор за неколку документи, вклучувајќи мировна рамка од 20 точки, безбедносни гаранции и план за реконструкција на Украина. Тој истакна дека не е постигнат договор за координирани конечни предлози, додавајќи дека територијалните прашања остануваат нерешени.
Претседателот на Русија, Владимир Путин на денешната годишна прес-конференција не понуди компромис за неговите услови за завршување на војната во Украина, но истакна оти Киев и Европа треба да го направат следниот чекор.
Официјален претставник на Белата куќа наведе дека Виткоф и Кушнер викендот ќе имаат средба со руската делегација во Мајами.
Ново на Сител
-

Околу 800 Македонци побарале да се вратат дома од погодените земји
-

Нема потреба од паника, залихи на нафта има доволно
-

Документ на ЦИА за Киро Глигоров ги разбуди партиите за името
-

Клучни членки на ЕУ се против предлогот за прием на нови држави без право на глас?
-

Секој пациент ќе има електронско досие - нема веќе хартии во папка
-

Укината забраната за пиење на водата во Струга
-

Андоновски: Законски измени или промена на правилникот - мора да се разјасни што е платформа или што е креатор на содржини
-

Пукал кон сопругата, се заканувал и тепал ќерка – нов случај на семејно насилство во Скопје
