Унгарија спасуваше бод против Македонија
Натпреварот помеѓу македонската и унгарската ракометна репрезентација заврши нерешено, 27-27.
Иако македонската репрезентација имаше лош почеток, одигра феноменално до крајот на полувремето, а само лошиот финиш придонесе на паузата да заминеме со егал од 14-14.
Неколку грешки, нереализиран пенал и два брзи гола на Унгарците придонесоа на пауза да се замине со нерешен резултат.
Во првите 10 минути од вториот дел се играше гол за гол, па ниту една од селекциите не успеа да направи поголема разлика од 1 гол позитива. Во тие мигови одличен на голот беше Митревски, особено по една двојна интервенција по која ја разбуди македонската публика во Вараждин. Во 44 минута сето тоа беше материјализирано со предност за Македонија 19-20 и пропуштена шанса за +2, па Унгарците казнија за ново израмнување, а потоа и нова предност.
Македонија со два брзи гола одново го презеде водството. Врати Унгарија со два гола и ново водство 23-22.
Во 55 минута Македонија имаше предност и напад за +2, но загубената топка придонесе за ново израмнување. На три минути до крајот избраниците на Лазаров влегоа во ново водство, но Унгарците некако успеаја одново да останат во трка. Сепак, одличниот Кузмановски одново ја врати предноста, а до крајот имаше уште една минута. Митревски одбрани напад на Унгарија, па нашите ракометари влегоа со можност да ја запечатат победата.
Лошо изведен напад, па Унгарија даде гол и се спаси од пораз. Во последниот наоад Македонија не успеа да реализира и да дојде до победата.
Кузмановски беше најефикасен со девет гола, а кај Унгарците Илиќ реализираше шест гола
Ново на Сител
-
Експерти: Стабилна влада во Софија отвора пат за дијалог со Скопје
-
Тема на денот со Бојан Трпевски, Македонско здружение на млади правници
-
Ново проширување на позитивна листа на лекови на лето
-
Дирекцијата за заштита и спасување без план во случаи на пожар, поплава или земјотрес
-
Денеска завршува мерката „Новогодишна кошница“
-
Втор ден протест во администрацијата
-
Дали во ИЈЗ се вработувале административци без положен испит за службеници?
-
Муцунски и Рокас оптимисти – Дали во 2025-та Македонија ќе ги почне преговорите за членство во ЕУ?