Македонија
9. July 2015 - 10:11

УНХЦЕР: Сирија ја напуштиле над четири милиони луѓе

Од почетокот на граѓанската војна во Сирија од земјата побегнале повеќе од четири милиони луѓе, што е најголем број на бегалци поради криза во последните 25 години, соопшти Агенцијата на Обединети нации за бегалци.

УНХЦР наведува дека покрај тоа уште 7,6 милиони луѓе се интерно раселени.

- Оваа е најголем број на бегалци од некој судир, изјави високиот комесар на ОН за бегалци Антонио Гутереш, додавајќи дека ним им е потребна поддршка од светот бидејќи живеат во тешки услови и тонат во се подлабока сиромаштија.

Според податоци на УНХЦР само во јуни над 24.000 луѓе од северна Сирија пристигнале во Турција. Тие побегнале поради борбите меѓу Исламска држава и курдските милитанти. Во Турција има над 1,8 милиони бегалци од Турција.