Унија на жени на ВМРО-ДПМНЕ со платформа за активно учество на жените во јавниот и политичкиот живот

Унијата на жени на ВМРО ДПМНЕ, стартува платформа која во наредниот период ќе биде исклучиво фокусирана кон јакнење на жените за нивна проактивна улога во јавниот и политичкиот живот на земјата.
По тој повод Претседателката на УЖ на ВМРО-ДПМНЕ, Даниела Рангелова, денеска со говор го отвори настанот, кој е официјално отпочнување на платформата.
Таа истакна дека жените се моќни чинители во демократските општества и дека секоја жена мора да биде охрабрена во борбата за остварување на сопствените права, потенцирајќи дека како жена ќе се бори за воведување на скандинавскиот концепт во Република Македонија со 50 отсто учество на жените на сите нивоа на власт.
УЖ на ВМРО-ДПМНЕ доби целосна поддршка од Претседателот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски, кој даде целосна поддршка на отпочнувањето на функционирањето на женската платформа во рамки на Унијата на жени на ВМРО ДПМНЕ.
Свое обраќање на свеченоста имаа и проф. д-р. Александар Спасеновски од Правниот факултет ,, Јустинијан Први,, од Скопје, доц. д-р Марија Ристеска од Центарот за истражување и развој на политики и Даниела Димитриевска извршна директорка на Македонското женско лоби.
Силна поддршка на женската платформа на Унијата на жени на ВМРО ДПМНЕ дадоа и меѓународните стратешки партнери на Унијата на жени на ВМРО ДПМНЕ и тоа: Илина Мангова од ИРИ, како и Александра Цветковска од Националниот демократски институт.
Тренинг обуката која е пакет од десет модули ќе биде спроведена од страна на врвни професори и експерти и се очекува да испродуцира квалитетни кадри од редовите на жените кои ќе бидат идни активни партиципиенти како во партиските структури, така и во јавниот и политичкиот живот на централно и локално ниво.
Ново на Сител
-

Рубио: Притисокот на САД врз сојузниците во НАТО да вложуваат повеќе во одбраната не е непријателска работа
-

Трамп: Секој што го користи терминот вештачка интелигенција е „непријател“
-

Алармантни бројки од Онкологија: Лани откриени 1.000 нови случаи на рак на дојка, 7.000 заболени се на активен третман
-

Муцунски: Добрососедските односи се суштински за европска интеграција, Коридорот 8 овозможува тој принцип да се оствари
-

Жена нападната и расечена со остар предмет од партнерот во Скопје
-

Кривична за угостител од Дебар, послужил алкохол на малолетник кој подоцна физички нападнал свој врсник
-

Повторно искршено детско игралиште во Кисела Вода: „Неколку пати се поправаше, сè е за ништо“
-

Кај 43-годишник од скопско пронајдени пушка, пиштол, муниција и шприцови со масло од канабис
