-->
-->
Унијата на ЗМСТАС бара повисоки плати за медицинските сестри
-->

Унијата на Здружението на медицинските сестри, техничари, акушерки и стоматолошки сестри (ЗМСТАС) предводени од Здружението „За нас“ во денешната реакција посочува дека во буџетот за 2019 се предвидуваат за 10 отсто повисоки плати за лекарите специјалисти, но никаде не се споменати медицинските сестри како клучна алка при подобрувањето на здравствените услуги.
– Срамота е што сестринската фела е повторно ставена на маргините во нашето општество. Медицинските сестри не се планирани во буџетите на здравствените институции за зголемување на платите, за едукации, за признавање на нашето образование, за нашите специјализации. Изминатиов период подготвивме и предлози за измените во Законот, подготвивме предлог решенија за проблематиките со сестрите концесионери…но, од Министерството за здравство немаат слух за нас, посочува Горданка Бешлиовска, претседател на Унијата на ЗМСТАС во реакцијата.
Тие ги прашуваат надлежните институции како ќе се подобрат здравствените услуги без да се овозможат правата на медицинските сестри.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Премиерот Мицкоски обелодени кои министри и ресори се опфатени со реконструкцијата
-

Реконструкцијата заврши, се чека партиска одлука
-

Тема на денот со Петар Арсовски, политички аналитичар
-

Финишира владината реконструкција
-

Координациите на пратениците без епилог, утре нов обид за договор за изборниот законик
-

УГД по апсењето на професорката: Нема место за корупција
-

Истражување на ЕСЕ: Има корупција во здравството, но ретко кој признава дека е вклучен
-

Дали се одложуваат операции на Хирургија поради дефектот во климатизацијата?
