УНМИК загрижен поради затворањето на српските институции во Косово
Шефицата на Мисијата на ОН во Косово (УНМИК) Каролин Зијаде денеска изрази загриженост поради најновите чекори на косовските власти против институциите финансирани од Србија и упати апел за отворените прашања да се разговара конструктивно и добронамерно во рамките на дијалогот под покровителство на ЕУ.
Косовските власти вчера ги затворија сите објекти на општините и поштата кои работаат во српскиот систем јужно од Ибар. Зијаде предупреди оти „таквите еднострани акции носат ризик од дополнителен пад на довербата помеѓу заедницата и косовските власти“.
Таа изрази загриженост за влијанието од затворањата врз секојдневниот живот на поединци, особено на оние од немнозинските заедници, кои директно зависат од овие институции.
Зијадде ги повика сите да работат на одржливи решенија за благосостојбата и безбедноста на сите луѓе во Косово, наведувајќи дека тоа е единствениот прифатлив пат.
Ново на Сител
-
Историско полуфинале за Португалија на ракометниот Мундијал 2025
-
На Попова Шапка 0 степени, 10 измерени во Штип, Демир Капија и Гевгелија
-
Во Хрватска нов бојкот на продавниците
-
22-годишна девојка усмртена кај „Силбо“, ја прегазил 20-годишник
-
Без струја утре делови од општина Центар
-
Германски државјанин спасен откако се изгубил на Скопска Црна Гора
-
Петмина скијачи загинаа во лавини на француските Алпи
-
Повикот за бојкот на маркетите добива се поголема поддршка, Владата со засилени контроли во трговските ланци