УНМИК загрижен поради затворањето на српските институции во Косово
Шефицата на Мисијата на ОН во Косово (УНМИК) Каролин Зијаде денеска изрази загриженост поради најновите чекори на косовските власти против институциите финансирани од Србија и упати апел за отворените прашања да се разговара конструктивно и добронамерно во рамките на дијалогот под покровителство на ЕУ.
Косовските власти вчера ги затворија сите објекти на општините и поштата кои работаат во српскиот систем јужно од Ибар. Зијаде предупреди оти „таквите еднострани акции носат ризик од дополнителен пад на довербата помеѓу заедницата и косовските власти“.
Таа изрази загриженост за влијанието од затворањата врз секојдневниот живот на поединци, особено на оние од немнозинските заедници, кои директно зависат од овие институции.
Зијадде ги повика сите да работат на одржливи решенија за благосостојбата и безбедноста на сите луѓе во Косово, наведувајќи дека тоа е единствениот прифатлив пат.
Ново на Сител
-
Во текот на ноќта регистрирани 22 земјотресa над четири степени во близина на Санторини
-
Во Србија повикуваат на нов петдневен бојкот на трговските синџири, некои ги зголемија цените дополнително
-
Дојави за бомби во училишта во Загреб
-
Министерот Муцунски во посета на Австралија
-
Без струја делови од Карпош, Чаир, Чучер Сандево и Аеродром
-
Нетанјаху ја поздрави идејата на Трамп за евакуација на Палестинците од Газа
-
Аргентина ќе забрани операција за промена на полот и хормонска терапија за деца
-
Според извори на Ен-Би-Си, американската војска планира да ги повлече силите од Сирија