УНРВА: Во Газа има брашно за само уште шест дена
Агенцијата на Обединетите нации за помош на палестинските бегалци на Блискиот Исток (УНРВА) денеска предупреди дека во Газа има брашно за само уште шест дена.
„Можеме тоа да го продолжиме со намалување на количината што им ја даваме на луѓето, но зборуваме за денови, а не за недели. Ситуацијата во Газа е сериозно загрижувачка“, изјави Сем Роуз од УНРВА за новинарите во Женева, говорејќи од централна Газа.
Тој рече дека шест од 25-те пекари поддржани од Светската програма за храна морало да се затворат, а се повеќе луѓе се собираат на улиците пред пекарите. Ова е најдолгиот период од почетокот на конфликтот во октомври 2023 година во кој никаква помош не е влезена во Газа, истакнуваат од ОН.
Израел на почетокот на месецов го блокираше влезот на стоки на територијата во рамки на застојот околу примирјето, што ги прекина борбите во последните седум недели.
Таа одлука доведе до повисоки цени за основните намирници и гориво, принудувајќи многу луѓе да ја ограничат количината на храна што ја консумираат.
Ново на Сител
-
Таравари: 20 пати го ризикувал животот за да спаси други, добредојде дома Јован, твојата приказна ќе живее вечно
-
Таравари:12 пациенти заминуваат на домашно лекување
-
Претреси во другиот објект на газдата на ПУЛС и службените простории на ДПИ во Кочани
-
Стефковски: Започнуваме со контрола на сите угостителски објекти и згради
-
Вчера казнети 667 возачи
-
Македонските кајакари одлично стартуваа во Европските купови и Југоисточната Европска Лига
-
ФФМ: Масев е разрешен, немаме информации за неговите лични постапки
-
Лото скандал во Бугарија: Во лото 5/35 извлечен бројот „41“ | ВИДЕО