Упасен сопственик на познат кафе бар
Околу 00,45 часот во Тетово на ул.„ЈНА“, од страна на полициски службеници од Полициската станица-Тетово, при преземање мерки постапување по гласна музика во угостителски објекти, се упатиле во УО„Марун“. Откако му укажале на сопственикот, да ја намали музиката се упатиле према ул.„Илинденска“, но бидејќи не констатирале прекршоци во останати објекти се вратиле назад према истиот угостителски објект, каде во тој момент пред објектот на улицата го забележале лицето А.К.(26) од Тетово, кое во видно алкохолизирана состојба почнал да ги навредува полициските службеници. Сопственикот на објектот кој бил со уште две лица, го замолиле А.К. да си замине, но истиот почнал да го навредува. Од страна на полициски службеник, му биле побарани документи за идентификација, но А.К. почнал да ги омаловажува упатувајќи им разни пцовки и непристојни зборови, за да во еден момент физички да го нападнел полицискиот службеник фаќајќи го со рака за униформата во пределот на вратот и почнал да го влече, при што му искинал дел од униформата. Полицискиот службеник го одбил нападот на што реагирал и друг полициски службеник кој при обид да го доведе во послушност и лиши од слобода, А.К. го турнал во пределот на градите, при што првиот полициски службеник паднал на тротоарот. А.К. бил доведен во послушност по што е лишен од слобода и задржан во полициската станица -Тетово за понатамошна постапка.
Ново на Сител
-
По најавата на новите царини на Трамп, паѓаат акциите на повеќе светски автопроизводители
-
Турската полиција употреби сила за да растури протест на универзитетот во Анкара
-
Рубио: САД ќе ги проценат барањата на Русија за прекин на огнот во Црното Море
-
Во израелски воздушен напад убиен портпаролот на Хамас
-
Судот на БиХ распиша меѓународна потерница по Додик и Стевандиќ
-
Најстудено на Попова Шапка
-
Зеленски: Клучно е САД да не го извлечат Путин од политичката и економска изолација
-
Макрон: Предложените европски воени сили во Украина би можеле да дејствуваат доколку Русија ги нападне