Управниот суд ќе ја разгледува тужбата од ВМРО-ДПМНЕ

Управниот суд денеска ќе одржи седница на која ќе ја разгледа тужбата од Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ на предвремените парламентарни избори на 11 декември, која се однесува на решението на Државната изборна комисија за прифатениот приговор на БЕСА.
Тужбата, како што соопшти Судот, се однесува за поништување на Решението на Државната изборна комисија УП1.10-487 од 16.12.2016 година заведена под УРП.бр.517/2016.
Со Советот на судии ќе претседава Есма Алибашиќ Јонуз, а членови се Розалиа Кочковска, Ана Герасимовска, Тања Терзиева и Ељмедине Асани.
Управниот суд синоќа ја заврши расправата по две тужби поднесени од Коалицијата предводена од СДСМ за решенијата на ДИК за приговорите за предвремените парламентарни избори на 11 декември.
Одлуките по тужбите Управниот суд треба да ги донесе најдоцна 24 часа по расправата по нив и да ги објави на неговата веб страница. Одлуките на Управниот суд се конечни.
Судот тртеба да разгледа уште две тужби поднесени од СДСМ за предвремените парламентарни избори.
Ново на Сител
-

Ниски утрински температури, преку ден сончево со температури до 16 степени
-

Поради зимска бура затворени училишта на североистокот на САД, откажани илјадници летови
-

Уапсен Артан Груби | ВИДЕО
-

Леброн Џејмс прв играч во историјата на НБА кој достигна 43.000 поени
-

Зеленски: Путин веќе ја започна Третата светска војна
-

Путин: Русија ќе продолжи да го зголемува потенцијалот и борбената подготвеност на вооружените сили
-

Без струја денеска делови од Карпош, Кисела Вода и Бутел
-

Сончево време со умерена облачност
