Ураганот Хилари ја зеде првата жртва откако стигна до полуостровот Долна Калифорнија
Ураганот Хилари, кој се приближува до мексиканската држава Долна Калифорнија, веќе ја зеде првата жртва.
Едно лице загина кога петчлено семејство во државата било однесено од надојдените води, соопштија мексиканските власти.
Во Долна Калифорнија невремето донесе и обилни дождови и високи бранови, а постои и опасност од катастрофални поплави.
Во САД, приближувањето на „Хилари“ принуди откажување на летови и спортски натпревари. Утринава максималните ветрови на ураганот беа 140 км/ч, соопшти Националниот центар за урагани на САД.
Се предвидува дека центарот на бурата ќе се движи во близина на западниот и централниот брег на полуостровот Долна Калифорнија во следните неколку часа, а потоа и низ јужна Калифорнија попладнево по локално време.
Се очекуваше Хилари да ослабне, но најверојатно ќе остане ураган додека минува во близина на Долна Калифорнија и ќе стане тропска бура дури пред да стигне до Јужна Калифорнија.
Ново на Сител
-
По повод 8 Септември македонското знаме кренато во Њујорк
-
Си и Путин му ја честитаа на Ким Џонг Ун годишнината од основањето на Северна Кореја
-
Атина денеска без такси превоз поради 24-часовниот штрајк на таксистите
-
Израел изврши напади врз Сирија, најмалку петмина загинати
-
Синер со победа на Фриз го освои УС Опен
-
Нападната српска амбасадорка во Мадрид
-
Одбележани 33 години независност, честитки и пораки за единство и сплотеност
-
Тешко повреден мотоциклист во сообраќајка во Неготино