-->
-->
УС Опен: Елиминирани Раониќ, Мугуруза и Кузнецова
-->

На УС Опен синоќа беа одиграни првите мечеви од 2.коло во двете конкуренции, а од носителите настапот заврши за финалистот на Вимблдон Милош Раониќ (5.носител), кој загуби од Рајан Харисон со 3-1 во сетови.
Во женска конкуренција елиминирана е Шпанката Гарбине Мугуруза (3.носител), која загуби од Летонката Анастасија Севастова со 2-0 во сетови, додека турнирот заврши и за 9.та носителка Светлана Кузнецова од Русија. Подобра од неа беше Каролине Возниацки.
Кај мажите пласман во 3.коло без борба обезбеди Новак Ѓоковиќ, откако Јиржи Весели го предаде мечот, а победи постигнаа: Џон Изнер, Жо-Вилфред Цонга, Марин Чилиќ, Рафаел Надал и Гаел Монфис.
Кај жените од носителките во 3.то коло ќе играат: Медисон Кејс, Џоана Конта, Роберта Винчи, Доминика Цибулкова и Анжелик Кербер.
Две победи на главниот турнир постигна и Американката Катерине Белис, кој во првото коло од квалификациите ја совлада нашата тенисерка Лина Ѓорческа, што значи дека досега има пет победи.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Прва медицинска евакуација од Вселената
-

Ненадејни поплави ја погодија австралиската држава Викторија
-

Трамп за Пахлави: Изгледа многу симпатичен, но не знам каква улога би играл во својата земја
-

Грантови од МОН за училишни активности за заштита на учениците од насилство и од разни видови пороци
-

УНИЦЕФ: Во Појасот Газа за три месеци загинаа повеќе од сто деца
-

Најстудено утрово во Берово, 25 сантиметри снежна покривка на Попова Шапка
-

Повторно отворен воздушниот простор на Иран
-

Почнува Европско првенство во ракомет 2026
