-->
-->
УСАИД ќе обезбеди 125 милиони долари помош за Украина
-->

Директорката на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД), Саманта Пауер, денеска објави дека администрацијата на Бајден ќе обезбеди помош од 125 милиони долари за поправка на инфраструктурата во Украина.
Пауер која присуствува на Светскиот економски форум во Давос, рече дека парите ќе бидат обезбедени од дополнителната програма за помош за Украина, одобрена од американскиот Конгрес минатиот месец.
УСАИД планира да испрати пари за набавка на резервна енергија за системи за водоснабдување и централно греење во Киев. Средствата ќе помогнат и за надополнување на снабдувањето со гас потребни за производство на електрична енергија.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Април или мај е најраниот термин доколку има предвремени избори
-

Тема на денот со Владимир Божиновски, универзитетски професор
-

Трамп најави крај на војната со Иран, берзите растат, цената на нафтата паѓа
-

Детонации и пожар од кабли предизвикаа паника во Кисела Вода
-

Уставните измени и изборите отворија нов фронт меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ
-

„Градски воз“ во Скопје од 1 септември
-

Повторно протест на 50-тина лица со договор на дело на Клиника за детски болести
-

Потпишан меморандум за соработка меѓу француската амбасада и министерството за култура
