УСАИД промовира мерки за намалување на ерозија на почва
Во близина на Тиквешкото Езеро, проектот на УСАИД за адаптација на земјоделството кон климатските промени денеска постави заштитен појас од садници за да ја намали ерозијата на почвата.
Околу 30 ученици од Средното општинско земјоделско шумарско училиште „Ѓорче Петров” од Кавадарци беа вклучени во садењето на педесетина чемпреси што ќе претставува заштитен појас на преминот од лозов насад и езерото.
Преку организирање на оваа теренска активност, проектот на УСАИД се стреми да ја подигне свеста кај младите чинители во земјоделскиот сектор за негативното влијание на климатските промени врз ерозијата на почва и да ги научи како да ја намалат ерозијата во услови на наклонет терен преку поставување на зони со трајна вегетација.
Ова е една од мерките за справување со почвената ерозија кои ги промовира проектот. Заштитните појаси го намалуваат површинското оттекување, го филтрираат седиментот кој се наоѓа во оттечните води, а на тој начин ги задржуваат и хемикалиите кои се наоѓаат во седиментот. Тие може да задржат повеќе од 70 отсто од седиментот и над 50 проценти од растворените материи во водите кои оттекуваат по наклонетите терени.
Проектот на УСАИД за адаптација на земјоделството кон климатските промени, почна да се спроведува во април 2012 од Мрежата за рурален развој на РМ. Целта на проектот е да им помогне на земјоделците да се адаптираат на климатските промени и да го зачуваат нивото на приход преку намалување на штетите предизвикани од промените во животната средина. Проектните активности се фокусирани во медитеранската зона, вклучувајќи го Вардарскиот регион со делови од струмичко и гевгелиско – земјоделско богати области коишто се под најголемо влијание од климатските промени.
Ново на Сител
-
УХМР најавува студен бран со обилни врнежи од снег
-
УЈП: Регистрација и дерегистрација на ДДВ обврзници до 15 јануари
-
Седумнаесет години од хеликоптерската несреќа во Катлановско Блаце
-
Нема да бидеме Американци, туку Гренланѓани, но отворени сме за соработка, вели премиерот на најголемиот остров во светот
-
Бајден ја осуди одлуката на Мета да ја прекине програмата за проверка на факти
-
Данската влада размислува да го зголеми своето воено присуство на Гренланд
-
Јапонската полиција уапси студентка поради напад со чекан на универзитет во Токио
-
Фатен бегалец од затвор осуден на казна од 23 години