Уште 300 специјализанти ќе се вработат во болниците надвор од Скопје

Министерот за здравство Сашо Клековски денеска на прес-конференција соопшти дека Владата донела одлука да го откочи процесот за вработување на уште 300 од вкупно 600 специјализанти, чие вработување е предвидено со одлука од 2024 година. Тој посочи дека процесот за нивно вработување треба да заврши до крајот на годинава.
- По одреден застој се откочи процесот за вработување на 600 специјализанти. Тоа е одлука на Владата од 2024 година. Се доцнеше со спроведувањето на одлуката. Се вработија 300 специјализанти, а 300 останаа надвор од проектот. На вчерашната седница на Владата се донесе одлука повторно да се отвори процесот и тие 300 специјализанти што не беа вработени да се вработат до крајот на 2026 година, рече Клековски.
Тој појасни дека со оглед на тоа што од изразувањето на интерес поминал веќе одреден период, Министерството за здравство планира да го обнови повикот за изразување интерес, бидејќи според нивна информација веќе 30-тина од тие 300 специјализанти се вработени по редовен пат.
- Сакаме да видиме кој е интересот на специјализантите. Апсолутен приоритет ќе бидат општите и клиничките болници надвор од Скопје и секако специјализациите во профили каде имаме дефицит. Со тоа планираме да ја заокружиме таа активност значително да ја подобриме состојбата со достапност на специјалисти во јавното здравство, додаде Клековски.
МИА
Ново на Сител
-

МЗ: Состојбата во Гостивар континуирано се следи, намален вкупниот број прегледи
-

Водата во Скопје квалитетна и безбедна за пиење
-

Кривична за сопственик и фирма поради сомнение за даночно затајување над 7,2 милиони денари
-

Групна тепачка помеѓу шест лица во Шуто Оризари
-

24-годишен тетовец со тврд предмет ја нападнал својата мајка
-

Ангелов и Јанчев: Пожарот во Кавадаречко се очекува до крајот на денот да биде изгаснат во целост
-

Македонија прва во Европа по растот на минималната плата
-

„Анима Мунди“ апелира за заштита на животните за време на топлотниот бран
