Уште еден голем чекор кон враќање на Премиер лигата
Владата на Велика Британија го поддржа планот за продолжување на фудбалските натпревари во јуни. Ова го изјави Оливер Дауден, државен секретар за култура, медиуми и спорт во Велика Британија, по денешната средба со раководството на Фудбалската асоцијација, Премиер лигата и Англиската фудбалска лига.
Покрај тоа, министерот потврди дека емитувањето на натпреварите треба да биде подостапно за приврзаниците, што ги потврдува намерите повеќе натпревари да имаат телевизиско покривање, а дел од нив ќе бидат бесплатни за фановите.
„Проектот Рестарт“, на кој активно работат во Премиер лигата, планира да го обнови шампионатот на 12 јуни.
– Владата ја отвора вратата овој конкурентен фудбал да се врати безбедно во јуни. Ова треба да вклучува можност навивачите да добијат поширок пристап до преносот во живо на дуелите. Сега фудбалските власти мора да постигнат договор и да ги финализираат деталите за нивните планови. Постои заедничка добра желба да се направи ова за доброто на навивачите, фудбалската заедница и нацијата како целина. Владата и нашите медицински експерти ќе продолжат да нудат водство и поддршка пред да се донесе конечна одлука. Сите се согласивме дека ќе продолжиме само ако е безбедно. Здравјето и благосостојбата на играчите, тренерите и персоналот се на прво место, рече Дауден.
Ново на Сител
-
Бискупот Стојанов упати Велигденска честитка до Архиепископот г.г. Стефан и верниците
-
Пронајдено тело на починат маж во Вардар во Велес
-
Благодатниот оган и оваа година од Ерусалим ќе пристигне во Грција
-
Зеленски: Русија во април употреби 300 ракети, 300 дронови и 3.200 касетни бомби во нападите врз Украина
-
ДСЗИ најави забрана на Клиниката за токсикологија за здравствени работници без договори за вработување
-
Во рамки на акцијата „Темпули“ полицијата во Тирана уапси 20 лица и заплени кокаин, хероин и канабис
-
Приведени 14 државјани на Србија кои измамиле германски државјани за милион евра
-
Зголемен бројот на работници во индустријата