-->
-->
Уште еден инцидент утрово во Турција
-->
Непознат напаѓач отвори оган крај американската амбасада во Турција, јави ТАСС, повикувајќи се на претставник на американскиот Стејт департмент.
Во инцидентот нема повредени.
Мажот, вооружен со пиштол, бил уапсен од турската полиција, која го истражува случајот. Поради овој инцидент, амбасадата, како и американските конзулати во Адана и Истанбул денеска ќе останат затворени. Интервјуата за издавање на американски визи се преместени за други датуми.
Претходно, турскиот весник „Дејли Сабах" соопшти дека вооружен човек се обидел да навлезе во Американската амбасада во Анкара, но бил уапсен.
Синоќа, во турската престолнина, полицаец го уби рускиот амбасадор Андреј Карлов. Напаѓачот беше ликвидиран.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
За изборите на 8 мај акредитирани 1078 домашни и 770 странски набљудувачи
-
Киднапиран, избоден и претепан скопјанец – Еден од напаѓачите негов колега
-
ЦУК: Пронајден е изгубен планинар на Плачковица
-
Земјотрес регистиран во Скопје
-
Велика Сабота - денот меѓу смртта и воскресението
-
Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев
-
Посебен сообраќаен режим денеска во Скопје
-
Русија тврди дека Украина го нападнала Крим со американски ракети