-->
-->
Уште еден пожар во трговскиот центар во Кемерово
-->
- Уште еден пожар изби во трговскиот центар во рускиот град Кемерово, каде утрово е изгаснат огнот што изби вчера.
- Според очевидците од објектот се издига чад, објави „Раша тудеј“.
Во вчерашниот пожар во трговски центар во сибирскиот град Кемерово загинаа најмалку 64 лица, меѓу кои и голем број деца, изјави денеска рускиот министер за вонредни ситуаци, Владимир Пучков.
Претходно, Истражниот комитет на Русија соопшти дека најмалку 44 лица се повредени, а околу 30 се водат како исчезнати.
Десет лица се во болница, меѓу кои и 11-годишно момче кое е во кома откако скокнало од прозорец од трговскиот центар. Локалните медиуми информираат дека неговите родители починале во пожарот.
Тринаесетгодишната Марија Мороз, од кино-салата испратила СМС: „Ние сме во пожар. Изгледа ова е збогум од мене. За неа се претпоставува дека е мртва“.
Пожарот во трговскиот центар во Кемерово изби на четвртиот кат, каде се наоѓаат кино-сала и детски забавен центар и зафати околу 1.600 квадратни метри.
Покрената е истрага заради откривање на причините за избувнување на огнот.
- Четири лица се притворени и сослушани, меѓу кои и закупецот на кино-салата, каде се претпоставува дека избил пожарот, како и менаџерот на компанијата која раководи со трговскиот центар, изјави портпаролката на истражниот комитет Светлана Петренко
Станува збор за трговскиот центар „Зимнаја вишња“, кој се наоѓа во една од главните градски улици, во близина на железничката станица. Трговскиот центар е отворен во 2013 година, со површина од 23.000 метри квадратни, паркинг за 250 автомобили, продавници, сала за куглање, детски центар и кино.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Трет обид за ликвидација на Раде Трајковски Штекли - Фрлена бомба во двор на неговата куќа
-
Собранието ја стартува расправата за буџетот, поднесени над 300 амандмани
-
Таравари до Ахмети: Наместо избори, работете на реформи во партијата и адаптација во опозицијата
-
Утре стартува јавната дебата за реформи во судството
-
Само 12% од компаниите имаат вработени ит експерти, Македонија зад европскиот просек
-
Социјално ранливите се борат со глад
-
Преглед на вестите од светот
-
Минималец од 450 евра сега, во март ќе бараме повеќе