Уште една фудбалска трагедија во Бразил, пожар во тренинг комплексот на Фламенго одзеде 10 животи
Од Бразил пристигнуваат вест за нова фудбалска трагедија, утрово настанал пожар во тренинг центарот на Фламенго во Рио, десет лица го загубиле животот, се шпекулира дека се работи за деца на возраст од 14 до 17 години.
Голем пожар се случил во тренинг комплексот на Фламенго лоциран во западниот дел на Рио де Жанеиро. Според противпожарната служба, тие добиле повик во 05:17 утрото (по локално време), веднаш реагирале и им требало два часа за да го стават пожарот под контрола.
Пожарникарите исто така потврдија дека имало 10 жртви и три повредени лица, од кои едно е во сериозна состојба. Според Глобо, локацијата каде што настанал пожарот е стариот дел од тренинг комплексот, кој бил коиристен од страна на младинските екипи на Фламенго.
Се уште нема официјални информации за жртвите, но медиумите шпекулираат дека се работи за момчиња помеѓу 14 и 17 години и се претпоставува дека тие спиеле во моментот кога настанал пожарот.
Ново на Сител
-
Финишира предизборната кампања
-
Скапа ќе биде велигденската трпеза
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Александар Даштевски, претседател на ДИК
-
Мостот „Беласица“ целосно функционален
-
Зошто Токсикологија не почитува мерки на надлежни институции
-
Ќе се врати ли старата цена на осигурување за регистрација на возилата?
-
Обвинителството со огромен број докази за распределбата на спортски ваучери