Уште една година на стагнација за македонските интеграции
Уште еден студен туш за македонските интеграции – 2024-та се запиша во македонскиот дневник како уште една година без исчекор во следната фаза на интеграциите.
Реформите, владеењето на правото но и обврската за менување на уставот остануваат домашна задача за Македонија.
Промената на владиниот состав најави црвени линии за македонските интеграции – уставни измени со одложено дејство. Ветувања дека нема да се прифатат диктати ниту понижувања за македонскиот народ стигнаа од првите денови на владеење на премиерот Христијан Мицкоски. 80 па и повеќе пратеници веќе има тврдеа од влада, но уставни измени ќе има само по македонски терк.
Владата на Мицкоски сигурна во ставовите вели отворени се за дијалог , но тогаш кога ќе има стабилна бугарска влада. Од Софија пак иако стојат на стаклени нозе и нема сигнал дека ке се обезбеди мнозинство за влада, најавуваат дека нема да отстапат од своите позиции.
Извесното одвојување во интеграциите од Албанија не дочека во октомври. Тирана смело истапи напред, додека за Скопје продолжија пораките за постигнат напредок. Раздвојувањето опозицијата и го препиша како вина на актуелната власт која владееше само неколку месеци.
Наместо зелено светло, ЕУ го понуди Планот за раст на Западниот Балкан, како инструмент од суштинско значење за забрзување на реформите, искористување на целосниот потенцијал и економија. Ниту новата ЕК не ја смени реториката, и во овие 365 дена неизвесност да за челнството во Унијата.
Годината која ја стартувавме со тежок политички товар, ја завршуваме со неизвесност за процесот на евроинтеграциите. Македонските позиции остануваат закотвени на уставни измени со одложено дејство и подадена рака за дијалог со Софија.
-
Ивана Соколовиќ Најдова
Сите содржини од овој новинар