Уште една тешка сообраќајка на патот Градско - Прилеп, две лица тешко повредени

Вчера во 10.30 часот на патот Градско-Прилеп се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „Фолксваген Голф“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од П.Ј.(63) од Прилеп, товарно возило „Сканија“ со приколка со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.П.(43) од с.Кучевиште, скопско и товарно возило „Рено Мастер“ со битолски регистарски ознаки, управувано од С.К.(33) од Битола.
Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил П.Ј., додека со телесни повреди се здобил С.К.. На двајцата им била укажана лекарска помош во Градската болница Прилеп.
Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Полициската станица Прилеп.
Завчера во 16.00 часот на патот Градско-Прилеп, С.П.(41) од Република Србија, управувајќи влекач „Сканија“ со полуприколка со српски национални ознаки, излетал од десната страна на коловозот и се превртел во провалија. Притоа, со тешки телесни повреди се здобил возачот на возилото, по што со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Општа болница Прилеп, каде по укажаната лекарска помош бил задржан на понатамошно лекување.
Ново на Сител
-

Иран со мини ги заштитил локациите со резерви на ураниум поради загриженост од операции на САД
-

ЕУ ќе почне пристапни преговори со Украина и Молдавија
-

Трамп изјави дека во американски напад е убиен лидерот на нарко-картелот „Трен де Арагва“
-

Сончево со мала до умерена локална облачност
-

Сиљановска: Оставете не да се европеизираме
-

СП 2026: Еуфорија во БиХ пред првиот натпревар, поддршка даде и американски генерал
-

Нетанјаху: Иран нема да добие нуклеарно оружје додека сум јас премиер
-

Николоски: Договорена директна авиолинија Анкара-Скопје и карго железничко поврзување
