-->
-->
Уште една трагедија ја потресе Македонија - Прегазен жител од Трстеник од трактор
-->
Жител на росоманското село Трстеник на возраст од 54 години се здобил со тешки телесни повреди, откако бил прегазен од трактор при изведување земјоделски работи во текот на вчерашниот ден, информираше денеска Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес.
Во Полициската станица од општа надлежност во Кавадарци, несреќата која се случила во атарот на селото Трстеник, била пријавена од вработено лице во кавадаречкиот Здравствен дом.
- По укажаната помош во Јавната здравствена установа Општа болница од Кавадарци, тешко повредениот е префрлен во Ургентниот центар во Скопје, соопшти Додевски
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Наќе Георгиев бара укинување на притворот
-
Ќе се рационализираат специјализациите
-
Засилени контроли на струмичката полиција
-
УГД го објави конкурсот за новата академска година – Слободни 4.000 места
-
Преглед на вестите од светот
-
Труење со салмонела: Затворени сендвичара во Аеродром и ресторан во Влае
-
ЗНАМ и ВРЕДИ повторно со спротивни ставови за употребата на албанското знаме
-
Тема на денот со Максим Ацевски, главен државен ревизор