Уште едно истекување на гас од Северен поток 2
Шведската крајбрежна стража лоцира четврто истекување на гас од Северен поток 2. Истекувањето е во близина на големата дупка пронајдена на блискиот гасовод Северен поток 1.
– Две од четирите истекувања се во ексклузивната економска зона на Шведска. Другите две истекувања на гас се во данската ексклузивна економска зона, изјави портпаролката на шведската крајбрежна стража Џени Ларсон. Четвртото истекување се случи на гасоводот Северен тек 2, во близина на голема дупка пронајдена на блискиот Северен тек 1, соопшти шведската крајбрежна стража.
Данските власти претходно објавија дека откриле дупка во двата гасоводи во нивните води. Европска Унија се сомнева во саботажа како причина за истекувањето на подморскиот руски гасовод кон Европа и вети „силен“ одговор на секое намерно нарушување на нејзината енергетска инфраструктура.
Ново на Сител
-
Пет пациенти кои се лекуваат во странство се во критична состојба
-
Од утре почнува исплатата на итна и првична помош за семејствата зафатени од несреќата во Кочани
-
ЗЕЛС: Координирана вонредна контрола во сите општини
-
Уапсени 17 лица кои пуштале музика во 7 дневна жалост
-
Владата апелира да се избегнува каква било политизација на случајот
-
Охриѓани им оддадоа почит на жртвите
-
ТППЕ Охрид - Голема е опасноста од блоковски пожари
-
Преглед на вестите од светот