-->
-->
Успешно раздвоени 13 месечни сијамски близначиња кои беа споени со главите!
-->

Енијас и Џејдон МекДоналд се 13 месечни близначиња кои се родиле споени со главите. Нивните родители морале да ја донесат најтешката одлука пред која ни еден родител не би требало да биде поставен – да се согласат на операција за раздвојување на децата, која е исклучително ризична. Во спротивно, нивниот животен век би бил многу кус!
Бебињата се родени на 9 септември 2015 година, со споени глави на начин кој се појавува еднаш во 2,5 милиони случаи!
Операцијата ја извршил искусниот доктор Џејмс Гудриџ кој зад себе има бројни успешни операции на раздвојување на сијамски близнаци.
Оперирани се во Монтефиоре медицинскиот центар во Њујорк, а операцијата траела 16 часа.
Утрово нивната мајка во 5 часот на фејсбук напиша дека операцијата била успешна.
– Во еден момент доктор Гудриџ зборуваше за опција да се запре целата работа бидејќи ризикот е преголем, но се појави шанса која ја искористи и излезе дека правилно постапил. Следните неколку месеци ќе бидат критични за опоравувањето и неколку недели нема да знаеме како Аниас и Џејдон ќе заздравуваат – напиша нивната мајка.
Таа додава дека едно од децата е во подобра состојба но другото веројатно ќе има проблеми.
Доктор Гудриџ пред операцијата изјави дека децата нема да имаат проблеми со говорот, но постои можност движењето да биде отежнато.
Операцијата која чинела 2,5 милиони долари ќе ја покрие осигурувањето – пишуваат американските медиуми.
Ова беше 59-тата операција за раздвојување на сијамски близнаци во светот, од 1952 година.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Бесент: Од царините годишно САД би можеле да заработат од 300 до 600 милијарди долари
-
Средба на Исени со Филипиду: Со заеднички сили во управување со миграциите и борбата со илегалната миграција
-
Пет француски тенисери суспендирани поради местење натпревари
-
Противниците на Трамп подготвени за масовни протести низ САД
-
Уапсен 26-годишен неготинец, украл возило и под дејство на алкохол и без возачка дозвола скршил рампи на наплатни станици на автопат
-
Началниците на генералштабовите на Франција и Британија се сретнаа со Зеленски во Киев
-
МВР со апел да не се наседнува на измами со лажни сообраќајки, да се пријават во полиција
-
Претреси во струмичко, пронајдена дрога | ФОТО