Уставниот суд оформи предмет за иницијативата на Левица

Уставниот суд оформи предмет по инцијатива на Левица која во петокот, непосредно пред почеток на кампањата, го оспори Упатството за локални избори на Агенцијата за асуди и асудиов-визуелни медиуми бидејќи на партијата не и е дадена можност за платено политичко рекламирање.
Сепак, Судот веднаш не одлучил за времена мерка за стопирање на политичкото рекламирање, како што побара Апасиев, бидејќи предметот е само во претходна постапка и се собираат податоци што се потребни за одлучување по барањето.
„Одреден е судија известител за предметот, кој во рок од три дена треба да побара мислење од Агнецијара, но и да ја провери судската пракса за слични случаи. Откако АВМУ ќе се произјасни по барањето и ќе се види праксата, судијата известител треба да изготви предлог по предметот и да го презенетира на седница“, објаснуваат од Уставниот суд.
Првата наредна седница на Уставен е на 15 октомври. Одлука пред овој датум по однос на предметот или евентиуална мерка е можна само ако се свика вонредна седница.
Левица и ЗНАМ во петокот остана без распределба на минути за реклама платени од државата бидејки АВМУ констатира дека овие партии иако имаат пратеничка група, не се во топ 4, а и немаат помалку од 5 пратеника, како што предвидува Изборниот законик.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Татјана Алексиќ, професорка
-

Реактор истражување: Кој се грижи за мајчинството, менталното здравје и невидливиот товар на очекувањата?
-

Власта и опозицијата со нови обвинувања за притворот на Груби
-

Сад и Израел го нападнаа Иран
-

Амбасадата со поддршка за граѓаните
-

Анализа на нападот и одмаздата
-

Македонци од Доха и Дубаи за Сител: Слушнавме експлозии, но засега е мирно
-

Анализа со домашни експерти: Очекувани ли беа нападите меѓу САД и Иран?
